Со цел да стане поодржлив и да има помало штетно влијание врз околината, Reebok ги направи првите „растителни“ патики. Иницијативата Cotton + Corn, која ја најавија уште во 2017 година, е продолжение на одлуката на компанијата да користи материјални од растително потекло за да добие и почисто производство во една индустрија која главно се базира на нафта.
Освен тоа што се користи 100% чист памук од органско потекло за горниот дел од патиките, се избегнуваат пестицидите и хербицидите од традиционалниот памук, новите патики на Reebok имаат ѓон кој е направен од биопластика од пченка.
Првиот производ од линијата кој ќе се најде на пазарот е NPC UK Cotton + Corn. Тоа се првите патики кои имаат сертификат дека се направени од 75% биоматеријали. Овие производи се направени во партнерство со DuPont Tate & Lyle Bio Products, компанија позната по производство на биорешенија за различни пазари.
Иако користењето материјали на растителна база е иновативно, префрлањето на одржливи материјали не застанува таму. Reebok создаде целосно одржлив циклус и во производството, и во користењето и по завршувањето на употребата. Компанијата се приближува до остварувањето на целта да биде целосно одржлива затоа што овие патики целосно се компостабилни, а компостот понатаму може да се користи за идната генерација чевли.
Reebok ги отстрани и токсичните бои од производството и патиките се спакувани во амбалажа која целосно се рециклира. По успешното лансирање, првата серија од NPC UK Cotton + Corn моментално е распродадена.