Шведска наголемо работи на своите цели за одржливост и ги остварува порано од планираното, но сега Bloomberg известува дека сега земјата ќе направи нешто што илустрира колку брзо напредува префрлањето на земјата на одржливи и евтини ресурси.
До крајот на годинава Шведска ќе има доволно додаден капацитет за да ја достигне својата зацртана цел за 2030 година: производство на 18 терават-часови обновлива енергија – 12 години порано од планираното! Со оглед на постојната база на обновливи извори и хидроенергија, земјата ќе ја достигне целта да користи 100% одржливи ресурси до 2040 година. Тоа значи дека и повеќе од двојно ќе се исплатат сите субвенции што ги дава земјата за електрични велосипеди.
Да напоменеме и дека не сите во земјата се среќни поради ова. Додека многумина се соочуваат со потребата да се ублажат климатските промени, брзиот развој на индустријата за обновлива енергија и наштетува на пориродата на друг начин – многу елени кои се ендемични за Шведска може да го изгубат домот поради големите фарми за ветар кои се градат. Сепак, тие проблеми може да се решат со подобро планирање, консултации и дистрибуција на бенефитите од енергијата на ветрот.
Шведска е најдобар пример за тоа колку брзо може да се развива чистата технологија доколку една земја е одлучна во тоа.