Научници потврдија дека загадувањето на воздухот ја намалува способноста за мислење и учење

- Advertisement -

Изгледа дека загадувањето на воздухот има многу поштетни ефекти отколку само врз животната средина. Едно ново истражување покажува дека може да има корелација меѓу големото загадување на воздухот и падот на когнитивната способност кај луѓето, што значи способност за мислење, памтење и учење. Научниците се надеваат дека нивното истражување ќе го смени начинот на кој земјите се справуваат со големото загадување, особено во густо населените урбани средини.

Во текот на неколку години во Кина биле анализирани повеќе од 25.000 луѓе од 162 различни земји. Истражувачите ги објавија своите заклучоци во Proceedings of the National Academy of Sciences и сега ја повикуваат Кина да ја смени својата политика за справување со загадувањето. Истражувачите веруваат дека Кина може значително да го зголеми степенот на образование доколку се придржува до EPA правилата на САД.

- Advertisement -

Се прашувате како нашле корелација меѓу загадувањето и когнитивната способност? Научниците направиле вербални и математички тестови на сите субјекти во 2010 година и потоа пак во 2014 година. Податоците од тестовите потоа се споредени од различни години и тимот ги поврза промените во оценките со загадувањето на воздухот.

Резултатите покажале дека постарите поединци покажале полоши перформанси, па тимот заклучил дека загадувањето има полоши ефекти како што стареат луѓето. Истражувањето исто така покажало дека индивидуалците со помало образование се позасегнати од загадувањето, веројатно затоа што најголем дел од нив работат надвор. Иако истражувачите се сигурни дека има врска меѓу загадувањето и падот на когнитивните способности, не се сигурни зошто се случува тоа.

Сподели!
- Advertisement -