Velometro е нешто што му треба на секој густо населен град со голем број жители. Наместо по улиците да возат купишта такси возила, кои истовремено создаваат метеж во сообраќајот и го загадуваат воздухот, можат да возат исто толкав број возила на Velometro – Veemo. Овие возила не само што се многу помали од стандардните, туку се и еколошки.
За да возите едно Veemo не ви е потребна возачка дозвола. Најдоброто од се е што овие возила се споделуваат, односно можете да ги повикате секогаш кога ќе ви треба превоз до некаде. Кога ќе пристигне возилото до вас, се поврзувате со него преку телефон и така го отклучувате. Потоа го внесувате пинот кој сте го добиле на телефон и можете да почнете да возите така што ќе вртите на педала и управувате со волан.
Благодарение на регенеративното кочење и соларните панели на кровот, максималното растојание кое дневно може да се помине со едно Veemo е околу 20 км.