На IFA 2018, Huawei Consumer Business Group (BG) го претстави HUAWEI AI Cube, две-во-еден звучник со вграден софтвер Alexa AI и 4G рутер, со што го одбележa својот официјален влез на пазарот на паметни звучници. Тој претставува нов, поприроден и поудобен начин потрошувачите да можат да се поврзат на интернет и да контролираат паметни уреди, истовремено обезбедувајќи висококвалитетен звук во компактна форма која има минималистички дизајн. Huawei AI Cube e иновативен производ кој ги обединува водечката технолошка компанија за телекомуникации и неверојатната AI платформа на Amazon.
„Како лидер во оваа индустрија, Huawei е посветен на обезбедување беспрекорно поврзување и овозможување на паметно искуство. За таа цел, Huawei активно ја зајакнува вредноста на своето портфолио на производи и го зголемува со широк спектар на производи со AI технологија, а HUAWEI AI Cube е најновиот во линијата “, рече Ричард Ју, извршен директор на Huawei Consumer BG . “HUAWEI AI Cube е AI звучник кој располага со функционалности и ја покажува посветеноста на Huawei за иновации и соработка. Спојот на водечка телекомуникациска технологија и неверојатната AI-платформа на Амазон, го прави HUAWEI AI Cube производ кој сигурно ќе ги задоволи потребите на потрошувачите.”
Huawei AI Cube поддржува Wi-Fi благодарение на својот 4G LTE систем и на тој начин реагира на растечката потреба за постојана конекција на сите паметни уреди. Поставката на рутерот е лесна и бара само 4G SIM картичка, за да може да се воспостави брза интернет конекција со LTE категоријата со 6 брзини (300Mbps при превземање). Huawei AI Cube е исто така компатибилен со стандардот 802.11ac Wi-Fi стандардот, што значи дека рутерот е со двојна врска, способен да работи и на двата 2.4 GHz и 5GHz канали и може да пренесува податоци преку LAN до 1.200Mbps .
HUAWEI AI Cube, исто така, работи со софтверот Alexa. Корисниците можат да разговараат со Alexa природно и да добијат пристап до повеќе од 45.000 Alexa Skills, или да контролираат над 12.000 паметни домашни уреди. Дополнително, широк спектар на Амазон услуги и содржини се достапни на корисниците на HUAWEI AI Cube, кои можат да добијат пристап до нив со едноставно барање.
„Ние сме среќни да соработуваме со Huawei на HUAWEI AI Cube кој е навистина уникатен производ кој нè возбудува“, изјави Даниел Рауш, потпретседател на Амазон Alexa. “Нашата водечка технологија за препознавање глас веќе се користи секојдневно од милиони корисници во контролирањето на нивните домови. Ние сме нестрпливи да ја запознаеме Alexa со уште повеќе луѓе ширум светот и да ги направиме нивните домови попаметни.”
Во однос на перформансите на звучниците, HUAWEI AI Cube е изграден со голема звучна шуплина од 400ml и алуминиумска дијафрагма, овозможувајќи AI звучникот да произведува висококвалитетен звук со кристално јасни средни и високи звуци, како и целосен заоблен бас. Аудиото е исто така подобрено со аудио решение на Huawei: HUAWEI Histen. Вклучен во голем број Huawei уреди, HUAWEI Histen го збогатува звукот на звучниците на AI со вклучување на виртуелен бас, линеарен еквилајзер, адаптивна контрола на гласот, препознавање на глас од далечина, итн.
Сите горенаведени технологии поддржани од HUAWEI AI Cube се спакувани во мало мат бело тело со лесна база на 3D мрежа. Згора на тоа, AI звучникот е дизајниран така што приклучоците се скриени под основата, овозможувајќи му лесно да се вклопи во секој ентериер.
Заедно со HUAWEI AI Cube, Huawei лансираше и HUAWEI Locator, моќен локатор со долг период на работа и мирување, како и четири главни глобални навигациски сателитски – GPS, GLONASS, Galileo и Beidou. Компатибилен со Nano SIM и eSIM, уредот поддржува глобален роаминг со известување за локација во реално време и обезбедува голем број услуги, вклучувајќи SOS копче, Geofence и BLE Found – услуга, базирана на близина, која активира звучен аларм на Huawei Locator кога поврзаноста со паметен телефон е растојание од 10 метри со уредот. HUAWEI Locator има IP68 рејтинг што го прави совршено прилагоден за било кој вид на активност, во затворени простории или на отворено.