Посебен вид песок ќе ни овозможи да ја пиеме дождовната вода директно од улица

- Advertisement -

Кога силно врне, дури и во суви предели каде што има недостиг на вода, дождовната вода тече по улиците и право во канализација. Благодарение на нов вид песок овие течности од улиците, кои најчесто се загадени, ќе може да се пијат.

На Универзитетот Беркли научници создадоа материјал кој, всушност, е обичен песок помешан со манган во природна форма. Меѓу нив се создава реакција и се добива манган-оксид, кој е безопасен за луѓето и за средината, пишува New Atlas.

- Advertisement -

Водата загадена со органски загадувачи како хербициди, пестициди и бисфенол-А (BPA) се процедува низ песокот, а тие штетни хемикалии се врзуваат за манган-оксидот. Како резултат, тие или се отстрануваат од водата или се разложуваат на ситни честички кои се помалку токсични и полесно разградливи. Втор систем за прочистување, кој се користи паралелно со песокот, би можел целосно да ги отстрани од водата.

Иако ефективноста на манган-оксидот се намалува со тек на време, целосно може да се поврати со неделно процедување хлорирана вода низ песокот. Се проценува дека еден слој песок од половина метар може да се ревитализира доколку низ него тече хлорирана вода два дена.

- Advertisement -

Крајната цел на научниците е да постават ваков песок во подземни складови за вода, во кои ќе се собира дождовната вода кој претходно ќе помине низ песокот. Во блиска иднина научниците планираат да ја тестираат оваа технологија на дождовна вода од поток во Сохома Каунти, Калифорнија.

Сподели!
- Advertisement -