ВИДЕО: Oва првиот таблет кој може да се свитка во ролна

- Advertisement -

Научници го создадоа првиот таблет кој може да се свитка во ролна и да го собере во џеб. Таблетот се вика MagicScroll и е флексибилен екран на допир кој се ротира околу 3Д печатено цилиндрично тело или може да се исправи како рамен дисплеј.

Прототипот го направија група истражувачи од Human Media Lab на Кралскиот универзитет во Канада, пишува Daily Mail. 

- Advertisement -

MagicScroll е намерно дизајниран да наликува на хартијата на папирусот на кој се пишувале битни соопштенија и се виткал во ролна. Кога ќе се исправи, флексибилниот дисплеј е голем 7,5 инчи.

Папирусот не е единствениот стар предмет од кој MagicScroll зел инспирација. Исто така, потсетува на старомодниот „ролодекс“, односно дигиталниот држач за визит-картички, односно контакти, кој се отвораше како книга и се прелистуваа контактите на дигиталниот дисплеј со вртење на тркало.

- Advertisement -

Истражувачите истакнаа дека оваа форма е ергономски подобра за употреба со една рака, а доколку корисниците сакаат да видат нешто одблиску, како, на пример, Google Street View, екранот лесно отвора веб страници. Екранот има резолуција од 2.000 пиксели и дава јасни слики и видеа.

Креаторите на MagicScroll велат дека прототипот е доволно мал да го собере во џеб кога е свиткан во ролна и полесен за користење со една рака во споредба со стандардните таблети. Освен тоа што може да се користи за сурфање на интернет и како телефон, истражувачите велат дека може да се користи и како уред за диктирање или покажување.

- Advertisement -

Сподели!
- Advertisement -