Денес потпишување на договорот за 100 милиони евра од ЕИБ

- Advertisement -
Договор со Европската инвестициска банка (ЕИБ) за користење на 100 милиони евра за мали и средни претпријатија ќе биде потпишан денеска меѓу Владата претставувана од Министерството за финансии, Македонската банка за поддршка на развојот (МБПР) и ЕИБ.

Фирмите од октомври ќе можат со проекти да аплицираат за 100 милиони евра евтини кредити од ЕИБ.

Пласманот на 100-те милиони евра од страна на МБПР ќе се врши преку домашните комерцијални банки.

- Advertisement -

Министерот за финансии Драган Тевдовски истакна дека оваа кредитна линија ќе овоможи реалзација на нови проекти, нови вработувања, зголемена ликвидност во стопанството и зголемен извоз.

Предвидено е и откако претпријатијата ги вратат заемите од оваа кредитна линија, истите повторно да се пласираат како кредити во стопанството. Ова ќе придонесе за повеќекратна полза на малите и средни претпријатија од овие 100 милиони евра.

Сподели!
- Advertisement -