Приходите од туризам повисоки за 26,6% во првата половина од годинава

- Advertisement -

Девизниот прилив од туризмот во првата половина од годинава порасна за 26,6 отсто во споредба со истиот период лани. Во вториот квартал има раст од 87,1 милиони американски долари или за 27,5 отсто повеќе од минатата година по основ патувања во Македонија, а вкупниот девизен прилив од туризамот во првите шест месеци од годинава изнесува 151,3 милиони долари.

Континуитетот во зголемувањето на девизниот прилив од посети на странски туристи се должи на мерките и активностите кои се преземаат од страна на целиот турстички сектор во земјава. Покрај медиумската кампања во странски земји што беше спроведена од Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот на Република Македонија (АППТ) и која обезбеди интензивна промоција на Македонија  на различни странски пазари, бројни активности беа преземени и за промоција на земјата преку организирани посети на тур-оператори, туристички агенции и странски новинари, велат од АППТ.

- Advertisement -

Овој тип на промотивни активности, додаваат,  ја интензивира промоцијата на земјата на ефикасен, а истовремено, достапен начин.

– Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот го рекламира туристичкиот потенцијал на земјава преку организирање на неколкудневни посети на влијателни новинари, или пак туристички агенции и тур-оператори кои се потенцијални партнери на македонскиот приватен сектор. На овој начин се обезбедува промоција на Македонија во странски медиуми и директна помош на домашните тур-оператори и туристички агенции. Дополнителна промоција на земјава се остварува и преку пласман на различни видови на поддршка на приватниот сектор во поглед на проекти преку кои ќе се засили и збогати туристичката понуда, потенцираат од АППТ и порачуваат дека се очекува во 2018-та да биде регистриран најголем пораст досега во бројот на туристи и ноќевања.

Сподели!
- Advertisement -