Постои лукава причина зошто често гледаме жолта и црвена боја на рекламите за брза храна

- Advertisement -

Ако почувствувате глад кога поминувате крај еден од илјадниците синџири за брза храна, не сте единствените, а за тоа делумно е виновна и вашата потсвест. Синџирите за брза храна со години користат бои кои влијаат на купувачите, како, на пример, црвената боја. Исто така, еден заеднички факт за сите нив, кој до неодамна беше незабележан, е дека речиси сите такви синџири користат и жолта боја.

Според психологијата  на боите, жолтата боја долго време се врзува со чувство на задоволство, среќа, удобност и способност. Една едноставна боја е толку одговорна за чувството на носталгија и пријателство кои ги чувствувате кога ќе поминете покрај нешто жолто. Црвената боја често се спојува со жолтата кај синџирите за брза храна, а таа претставува желба, моќ и љубов.

- Advertisement -

Маркетинг-експертите честопати спојувањето на црвената и жолтата боја го поврзуваат со теоријата „кечап и сенф“ (Ketchup & Mustard). Со оваа комбинација на бои потсвесно се влијае на тоа да престанеме со тоа што го правиме во моментот и да земеме да јадеме нешто. Не само што кечапот и сенфот се вкусни додатоци за омилената брза храна, туку на суптилно ниво претставуваат топлина и задоволство кое го чувствуваме кога јадеме со пријателите.

Како што велат експертите, маркетингот подразбира емоционално поврзување со луѓето, создавање приказни, допирање до нивната надеж, сништа и несигурност. Бојата тука игра главна улога без оглед на тоа како луѓето ги обработуваат на потсвесно ниво. Без оглед на тоа дали сме свесни или не, боите имаат одредени конотации и ние создаваме одредени мислења врз основа на тоа.

Сподели!
- Advertisement -