Зошто се воведува “универзален снабдувач на струја“ на македонскиот пазар?

- Advertisement -

“Универзалниот снабдувач е категорија која што се воведува за заштита на цената на електричната енергија за домаќинствата. Универзалниот снабдувач ќе биде наменет само за домаќинствата во Република Македонија, додека сите останати и мали и големи компании ќе бидат на слободниот пазар. Тоа ќе биде за бенефит на компаниите бидејќи знаете дека сите компании кои што до сега имаат право да излезат на слободниот пазар ги намалија трошоците за електрична енергија и до 40%”, изјави Кочо Анѓушев, вицепремиер задолжен за еконоски прашања.

За домаќинствата останува евтина тарифа доколку останат кај универзалниот снабдувач. Компаниите, пак, ќе ги намалат своите трошоци за струја со оглед на фактот дека плаќаат индустриска тарифа, која што е двојно поскапа.

- Advertisement -

“Веќе сите микро, мали и средни претпријатија во Република Македонија ќе имаат можностда одберат дали ќе останат на слободниот пазар или ќе се снабдуваат со електрична енергија од страна на универзалниот снабдувач. Освен што им даваме можност на домаќинствата, им даваме мошност и на тие бизниси за да се снабдуваат со поевтина електрична енергија, што претходно и не било така”, изјави Крешник Бектеши, министер за економија.

Објавениот тендер за избор на универзален снабдувач на струја трае до 03.12.2018 година, по што до крајот на годинава треба да се одбере компанијата според критериумот најниска маржа. Универзалниот снабдувач се бира за период од 5 години.

- Advertisement -

Условите за учество на тендерот се компанијата да располага со 20 милиони евра оперативен капитал или да има поддшка од друг субјект што ќе понуди гаранција во тој износ. Треба да има и развиен систем за испорака на сметки до потрошувачите. До сега во земјава регистрирани се вкупно 28 лиценцирани снабдувачи.

Сподели!
- Advertisement -