Во понеделник во Скопје работилница за зголемување на иновацискиот капацитет на компаниите!

- Advertisement -

Во рамки на ЕУ проектот ИноПлатформа, Центарот за управување со знаење организира информативен ден наменет за менаџерите на малите и средни претпријатија одговорни за развој на нови производи и услуги,  консултантите, како и претставници на организациите кои ја поддржуваат конкурентноста на претпријатијата (акцелератори, инкубатори, стопански комори).

Целта на работилницата е тројна:

- Advertisement -
  • да ја подигне свеста за потребата од иновации кај малите и средни претпријатија во Македонија,
  • да ги презентира профилите на иноватори во земјата и во регионот, нивните практики и перформанси, – наоди добиени од истражувањето спроведено во рамки на проектот ИнноПлатформа,
  • да ги зајакне знаењето и вештините на сопствениците и менаџерите, и консултантите за успешно воведување на иновации во претпријатијата преку користењето на пет ИноАлатки развиени во рамки на проектот: ИноМодел, ИноСтратегија, ИноПартнери, ИноФинансии и ИноПроект.

Првата работилницата ќе се оддржи во просториите на ЕУ Инфо Центарот во Скопје, на 24 ти септември. Вашето учество можете да го регистрирате на следниот ЛИНК.

- Advertisement -

Работилницата ќе опфати 25 учесници, но во исто време ќе биде и емитувана во живо на Јутуб каналот на проектот Инноплатформа.

ИноПлатформа е проект ко-финансиран од ЕУ во рамки на Транснационалната програма Interreg BalkanMed Programme.  Проектот се спроведува од 2017-та до 2019-та година од страна на конзортсиум од 6 проектни партнери од 5 земји на Балканско медитеранската област.

- Advertisement -

Лидер на проектот е Центарот за Управување со Знаење, истражувачки центар формиран во 2008-ма година, со цел да ги зајакне и подобри процесите на управување со знаење во сите општествени области во земјата и регионот. Центарот покрива широка палета на активности која се спроведува во соработка со граѓанскиот сектор, државните институции и деловната заедница. Визијата на Центарот е да прерасне во активен учесник во институционалниот и економскиот развој на земјата и регионот.

Сподели!
- Advertisement -