Кипар и Египет градат прв подводен гасовод

- Advertisement -

Кипар и Египет потпишаа договор за изградба на првиот гасовод и транспорт на природен гас од Кипар по дното на Средоземно Море до Египет

– Потпишувањето претставува пресвртница, не само за Кипар, туку и за целиот источен Медитеран, изјави кипарскиот министер за енергетика Јоргос Лакотрипис за посетата на египетскиот министер за нафта Тарек ел-Мол.

Гасот од наоѓалиштата во крајбрежјето на Кипар ќе се транспортира во Египет, каде ќе се претвори во течен природен гас што ќе се извезува во Европа.

- Advertisement -

Американската фирма „Нобл енерџи“ во 2011 година откри гас во крајбрежјето на Кипар, а резервите се проценуваат на 127,4 милијарди метри кубни, но комерцијалната експлоатација се уште не е почната.

Конзорциумот, во кој, покрај „Нобл енерџи“, се наоѓаат и фирмите „Дач Шел“ и ДЕЛЕК од Израел, планира пред почетокот на операцијата повторно да преговара со кипарската Влада околу условите на договорот.

- Advertisement -

Според Лакотрипис, овој договор ќе привлече милијарди долари во изградба на инфраструктура.

Сподели!
- Advertisement -