Блaгодарение на Илон Маск овој остров целосно работи на соларна енергија

- Advertisement -

Многумина од нас сонуваат да живеат на некој изолиран остров. Додека тоа значи спас од брзиот, стандарден живот, островите можат да понудат многу повеќе отколку само еден продолжен одмор. Всушност, тие се одлично место а да се користи зелената енергија. На пример, островот Тау во Американска Самоа користи само соларна енергија.

Убаво прочитавте: цел остров троши само зелена енергија. Илон Маск во голема мера е одговорен за тоа. Tesla и SolarCity, компанијата која Маск ја купи во 2016 година, генерираат енергија од микромрежата на SolarCity. Електричната енергија речиси целосно е соларна енергија и вкупно има околу 1,4 мегавати.

- Advertisement -

Тоа значи дека 60 џиновски батерии на Tesla, Рowerpack, заедно со 5.328 соларни панели ја даваат целата енергија за островот. Тие можат максимално да генерираат околу 6 мегавати енергија. Зошто е битно складирањето енергија? За секоја област каде што сончевата енергија не е постојана сладирањето на вишокот енергија за подоцнежна употреба е многу битно. Во овој случај, островот се наоѓа во јужниот дел од Тихиот Океан, GreenMatters.

Додека стереотипот за еден остров е прекрасни плажи и постојано сончево време, тоа е далеку од вистината. Всушност, Тау има честопати нестабилно и лошо време. Поради специфичната географска локација на островот, многу е подложен на бури.  Токму затоа се користи соларна енергија. Батериите Tesla Powerpack му овозможуваат на островот да функционира нормално до три дена. Што се однесува на времето потребно за повторно полнење, системот може целосно да се наполни за седум часа.

- Advertisement -

Тау има популација од околу 600 жители. Иако тоа е многу мала бројка споредено со многу места во светот, нема причина да не се искористат бенефитите на соларната енергија.

Сподели!
- Advertisement -