Загадувањето на воздухот влијае на здравјето на 90% од популацијата во светот, Многу е битно какви чекори ќе преземеме за да ја намалиме емисијата на штетни гасови и да осмислиме креативни решенија за да го исчистиме токсичниот смог кој веќе е во атмосферата.
Индија најави планови да изгради џиновски кули за филтрирање на воздухот. Проектот наречен Smog Project е дизајниран од компанијата Znera Space со седиште во Дубаи. Делхи, Индија, е еден од најзагадените градови во светот. Кулите ќе ги отстрануваат загадувачите од воздухот и ќе ги претвораат во обновливи ресурси.
Годинава Делхи беше рангиран како најзагаден мегаград со над 14 милиони жители. Во 2014 година, пак, воздухот во Делхи беше толку загаденшто дишењето на тој воздух беше како да пушиш 44 цигари дневно.Комбинацијата од индустриски отпад, дизел возила, фабрики и горење на отпад од земјоделството во соседните региони придонесува за лошиот квалитет на воздухот во градот.
Освен Делхи, уште 14 индиски градови се меѓу топ 20 најзагадени градови во светот според Светската здравствена организација. Мумбаи исто така е на врвот како четврт најзагаден мегаград во светот. Се прогнозира дека до 2040 година загадувањето ќе се влоши за дури 775%.
Воздухот ќе влегува во кулите и ќе поминува пет фази на филтрација, вклучувајќи и активиран јаглен, негативни јонски генератори и електростатична плазма за да се заловат. Воздухот се вшмукува и поминува низ фотокатализаторски филтер, кој ги стерилизира бактериите и вирусите пред да се испупти надвор.
Секoја кула ќе биде висока околу 100 метри и ќе произведува 323 милиони кубни метри чист воздух дневно, а ќе може да опслужува 100 хектари од површината на градот. Освен чистење на воздухот, кулите ќе можат да го претворат рециклираниот јаглен во бетон и ѓубрива. Бидејќи кулите работат со помош на водородни ќелии, дизајнерите се надеваат дека ќе бидат самоодржливи.
Порблемот со загадениот воздух е глобален и го загрозува здравјето на луѓето од целиот свет. Девет од десет луѓе дишат загаден воздух, спроед едно истражување објавено во мај. Тоа е навистина загрижувачко бидејќи воздухот со токсичен смог може да предизвика многу смртоносни болести. Секоја година околу 7 милиони луѓе умираат од токсични честички во воздухот, кои ги оштетуваат респираторниот и кардиоваскуларниот систем.