Porsche престанува да произведува дизел возила

- Advertisement -

Како прв германски производител на автомобили, Porsche престанува да произведува автомобили со мотори на дизел, соопштија вчера од компанијата. „За Porsche, кој е познат како производител на спортски автомобили, моторите на дизел погон секогаш имале споредна улога и затоа одлучивме во иднина повеќе да не произведуваме автомобили со таков погон“ соопштија од Porsche.

Компанијата, која работи во состав на концернот Volkswagen, најави дека во иднина ќе се фокусира на сегментот кој е специјалност на Porsche. „Тоа се емоционални, силни бензински мотори, хибриди, а од идната година и електроавтомобили” изјавија од Porsche. Оттаму додаваат дека Porsche сам никогаш не развивал дизел моториси, но и покрај тоа претрпел штета поради кризата која настана со дизел моторите по скандалот со манипулирањето на вредностите на испусните гасови.

- Advertisement -

„Кризата ни направи многу проблеми. Но, сите возачи на Porsche со дизел мотори можат да бидат мирни зашто и понатаму ќе се сервисираат тие мотори“ објаснија од компанијата.

Porsche ја донесе одлуката да се откаже од дизел погонот истиот ден кога се најави т.н. дизел самит во канцеларијата на Ангела Меркал, на кој претставници на политиката и на автомобилските компании треба да одлучат како да се спречи забраната за промет на дизел возилата во германските градови. Германската канцеларка и претставниците на владата ги преферираат техничките предиспозиции на возилата кои го исполнуваат стандардот Еуро 5.

Сподели!
- Advertisement -