ВИДЕО: Ова е првиот маркер во светот со мастило кое самото се брише

- Advertisement -

Airless Pen е иновативна варијанта на една од работите за кои нема ни да помислите дека им треба некаков апдејт или подобрување. Тоа се фломастерите или маркерите. Но, изгледа дека и ним им требало подновување.

Знаете како маркерите и фломастериите знаат да се исушат ако не го затворите капачето? Е па со Airless Pen тоа нема да биде проблем затоа што е направен со посебна технологија која овозможува повлекување на делот за пишување или цртање внатре во маркерот. Така се создава вакуум во кој што течноста за пишување стои во течна состојба.

- Advertisement -

Но, не само тоа. Airless Monkey Pen е посебна верзија на маркерот која е направена со мастило кое самото се брише, односно исчезнува по еден час. Airless Monkey Marker, пак, е маркер кој може да се користи за пишување на табла и нема потреба да се брише зашто ќе исчезне за четири часа.

Airless Pen

World's first no cap, no dry, and self-erasing ink pen.More info: http://kck.st/2NsI56I

Posted by Startup Selfie on Вторник, 25 септември 2018

Сподели!
- Advertisement -