ИКТ заедницата порачува: Со здрава дигитализација кон економска стабилност

- Advertisement -

,,Конструктивни решенија за здрава и ефикасна дигитализација на сите бизнис и општествени процеси се најдобриот начин за подобрување на економската, социјалната и општата состојба во државата” е клучната порака на денешната коференција на МАСИТ: „Дигитална трансформација во Македонија, предизвик или реалност?“.

Теми поврзани со динамичната сегашност Internet of things, Cloud services, Cyber Security… преовладаа на настанот, а во правец на подобро позиционирање на македонскaта ИКТ индустрија на светскиот пазар и зголемување на можноста за уште поголем извоз на ИКТ услугите.

- Advertisement -

Конференцијата ја отвори Горан Попоски, ретседател на Управниот одбор на МАСИТ, кој во своето обраќање се осврна на одговорноста на МАСИТ да ги поттикнува сите страни: бизнис, регулатива и граѓански сектор кон дигитална трансформација која ја исполнува преку проекти и промени. Но, исто така, потенцираше дека ова значи и промена на начинот на живеење.

Министерот за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски, во улога на клучен говорник на конференцијата истакна дека ,,дигиталната трансформација е пред се процес на реформа на која резултатот треба да е прогрес. Тоа се однесува на корпоративниот сектор но и администрацијата, која пред се треба да е сервис и клиент ориентирана. Во моментов Владата работи на национален портал за електронски услуги за физички лица и бизниси, каталог на услуги за добивање на услуги на едно место, академија за cyber безбедност, усвојување на стратегија за отворени податоци и други проекти за трансформирање на  општеството“.

- Advertisement -

Амбасадор на кралството Холандија во Република Македонија, Вилем Ваутер Пломп, во рамките на официјалното отворање се обрати до ИКТ заедницата со порака: „Лесниот влез на пазарот, леснотијата на работа и комуницирање и врвните кадри веќе привлекоа холандски инвеститори да влезат на македонскиот пазар. Направивме и студија за ИКТ можности за развој на регионот, која ќе ја презентираме на меѓународен пазар. Ова е само еден од многуте докази за важноста на овој регион и пазар“.

Во рамките на трите сесии Internet of Things, Cloud computing, Cyber security, претставници од ИКТ индустријата ги претставија своите активности, проекти и успешни приказни на овие теми. На конференцијата присуствуваше и Антонис Монокрусос, висок претставник од групацијата Oracle, кој го заокружи воведниот панел со поентата дека живееме во извонреден трансформативен процес на 4тата индустриска револуција која наметнува промени во нашето однесување, комуницирање, едуцирање и работење, процеси кои се присутни и во нашата земја.

- Advertisement -

На конференцијата се изнесоа поенти кои понаму ќе водат кон позитивни процеси за промени во сите општествени сфери.

Стопанската комора за информатички и комуникациски технологии – МАСИТ, работејќи во насока на интересите на македонските ИКТ компании, постојано ги следи актуелните и светските трендови кои ги адресира преку низа на проекти и настани дискусии и промени во ИКТ дејноста и глобализирање на домашната индустрија.

Сподели!
- Advertisement -