Од 1 ноември стартува авио-линија меѓу Атина и Скопје

- Advertisement -

Најголемиот грчки авиопревозник „Еџиан Ерлајнс“ на 1 ноември ќе почне со летови меѓу Атина и Скопје, по повеќе од деценија прекин на авионската врска меѓу двата града

Според најавата, како што објави порталот „Ексјуавиејшн“, ќе има летови двапати неделно, секој вторник и четврток, со авиони на „Олимпик ер“.

Повратен билет ќе чини најмалку 100 евра, а линијата веќе е објавена на страницата на „Еџиан ерлајнс“.

- Advertisement -

Грчкиот алтернативен министер за надворешни работи, Јоргос Катругалос, неодамна рече дека „овие летови се позитивен развој на настаните, како и секоја мерка што ја унапредува економската соработка меѓу двете земји“.

Авионската врска меѓу Скопје и Атина беше прекината поради името на скопскиот аеродром, а последниот лет меѓу двата града беше во 2007 година кога се влошија односите меѓу двете земји.

- Advertisement -

 

Сподели!
- Advertisement -