Во Белград почнува Самит на 100 бизнис лидери

- Advertisement -

Во Белград денеска почнува дводневен седми Самит на 100 бизнис лидери. На самитот ќе учествуваат експерти и министри од регионот кои ќе расправаат за најразлични теми како мобилност во работата, енергетска одрживост, брендирање на регионот и друго.

На присутните преку панели ќе се обратат македонскиот заменик премиер Кочо Анѓушев, министерот за надворешна трговија и економски односи на БиХ, Мирко Шаровиќ и министерот за трговија, туризам и телекомуникации на Србија, Расим Љајиќ.

- Advertisement -

Главна тема се очекува да биде и како да се искористи четвртата индустриска револуција како отскочна даска и на тој начин да се направи „квантен“ скок до развиениот и глобално конкурентниот регион.

Сподели!
- Advertisement -