Норвешка стана првата земја во светот која забрани сечење на шумите

- Advertisement -

Норвешка стана првата земја во светот која забрани сечење на шумите. Овој потег е револуционерен и може да предизвика турбуленции во целиот свет. Обврзувaњето на нула обесшумување значи дека норвешките власти нема да склучат државни договори со компании кои учествуваат во сечење на шумите.

Оваа одлука на земјата следува по препораката на Комитетот за енергија и животна средина на норвешкиот Парламент, кој донесе акционен план што веќе се спроведува. Со сегашното темпо на сечење на шумите, дождовните шуми во светот ќе исчезнат за 100 години. 80% од копнените животни на планетата и од растенијата живеат во шуми, а многу видови не можат да преживеат ако го изгубат живеалиштето, пишува Green Matters.

- Advertisement -

Дрвјата, исто така, имаат суштинска улога во апсорпцијата на стакленичките гасови и другите загадувачи кои го намалуваат квалитетот на воздухот и ја загрозуваат животната средина. Најголем виновник за обесшумувањето е земјоделството. Земјоделците честопати ги сечат дрвјата од своите имоти за да можат да чуваат животни. Кога ќе ги исечат и ќе ги изгорат, тие во атмосферата испуштаат јаглерод диоксид, кој е еден од најголемите виновници за климатските промени.

- Advertisement -

Според организацијата Climate Action, производството на соја, говедско месо, палмино масло и производи од дрво во седум земји со најголема стапка на обесшумување придонесуваат за 40% од глобалното обесшумување на тропските предели и се одговорни за 44% од емисијата на јаглерод диоксид во периодот од 2000 до 2011 година. За да направи  баланс Норвешка инвестираше огромни суми за да се спречи сечењето на шумите во Бразил, Либерија и Индонезија.

Последниот потег на забрана на сечењето шуми е само континуитет на долгогодишните напори на земјата да ги заштити шумите во светот. Во 2008 година Норвешка му даде 1 милијарда долари на Бразил за да го спречи уништувањето на дождовните шуми. До 2015 година благодарение на тоа во Бразил се спасени повеќе од 78.000 квадратни километри шуми и Земјата е поштедена од дополнителни 3,2 милијарди тони јаглерод диоксид во атмосферата.

Сподели!
- Advertisement -