Групацијата Virgin, која учестува во многу проекти од истражување на вселената до футуристички транспортни решенија од типот на Hyperloop One, сега прави револуција и во авионската индустрија. Компанијата е сопственик и на авиопревозникот Virgin Atlantic (сопственост на Ричард Бренсон) и е силно посветена на намалување на емисијата на штетни гасови од авионите.
Virgin Atlantic неодамна објави дека успешно го создале најодржливото гориво за авиони во светот, Горивото ќе биде тестирано овој месец на трансатлантски лет од Орландо, Флорида до London Gatwick. Летот долг 7.00о км ќе биде одличен тест за горивото, пишува Wonderful Engineering.
Virgin Atlantic на развојот на горивото соработуваше со компанијата LanzaTech, американска компанија која користи иновативна технологија на ферментација на гасови за да се рециклира отпадниот јаглерод диоксид кој го испуштаат фабриките за железо. Авионското гориво е едно од многуте рециклирани производи кои може да се добијат со овој иновативен процес.
Мисијата на компанијата е да постави основа за карбонски паметна циркуларна економија, каде што и провајдерите на гас и крајните корисници ќе можат да бидат енергетски ефикасни со рециклирање на јаглеродот или негово претворање во нови производи кои ќе ги заменат фосилните ресурси.