Овој необичен камион истовремено е и мобилен хотел. Камионот-хотел Truck Surf Hotel е дело на Даниела Карнеиро и Едуардо Рибеиро. Тие сакале да ја споделат својата љубов кон сурфањето и истовремено да патуваат така што ќе го трансформираат својот камион во хотел.
Во текот на реализацијата на идејата тие дури додале технологија која овозможува да се прошири камионот, па сега истовремено во него можат да престојуваат дури десетмина! Притоа, секоја соба е опремена со WiFi, USB приклучоци и место за складирање. Но, не само тоа. Камионот-хотел има и кујна, бања и тераса.
Првичната замисла им била да можат да го користат за да ги посетат сите локации кои се добри за сурфање, но сега овој необичен хотел на гостите им нуди многу авантури како што се јавање коњи, јога и скокање од карпи.
Гостите секој ден се будат на нова локација, каде што можат да ја истражуваат областа или да учат нови култури. Хотелот главно патува во Португалија и Мароко. Што мислите? Би сакале ли да престојувате во овој хотел на тркала?
Truck transforms into a mobile hotel with the push of a button
This truck expands to let up to 10 people stay in it at once 😮
Posted by In The Know Gadgets on Четврток, 04 октомври 2018