Струмица доби бизнис иновациски центар

- Advertisement -

Во Струмица ќе се гради бизнис иновациски центар каде претприемачите своите иновативни идеи ќе може да ги преточат во конкретни решенија за да се добијат европски и домашни средства за финансирање. При изработкатa ќе помагаат професори од штипскиот Универзитет и од Машинскиот факултет на УКИМ, а поддршка ќе дава и Сојузот на стопански комори. Пред голем број на бизнисмени од регионот беше промовиран концептот на овој центар.

Самиот концепт на БИЦ претставува еден мост помеѓу јавниот, приватниот и академскиот сектор“, изјави Ксенија Вангелова – директор на БИЦ – Струмица на денешната промоција.

- Advertisement -

Бизнис иновацискиот центар во Струмица е планиран во стратегијата за локален економски развој. Првиот човек на општината Јаневски очекува поттикнување на економскиот развој и отворање нови работни места.

„Создавањето на услови за отворање на нови работни места, креирањето на развојни стратегии на компаниите се само дел од многуте цели на БИЦ“ – рече Коста Јаневски , градоначалник на Струмица.

- Advertisement -

Иновацискиот центар во Струмица кој ќе биде спој на реалниот, академскиот и јавниот сектор е дел од Европската мрежа на иновациски центри, но и европскиот Акцелератор преку  стартап аворд програмата.

Сподели!
- Advertisement -