Tip of the Week – Пребарување

- Advertisement -

„Tip of the Week“ се авторски текстови што се објавуваат секој четврток и обработуваат теми од секојдневниот живот коишто помогат да го подобрите вашето лично и професионално работење.Коментарите за совети, можете да ги пишувате на: www.facebook.com/tipoftheweekPriracnik Како сублимат на првите 100 совети издадени се единствените прирачници за личен и професионален развој.

 

Со денешната технологија на информации, да не кажам речиси сите, се подостапни до нас од кога било. Но, нивната достапност и не е баш толку лесна како што изгледа на прв поглед, затоа што истражување и пронаоѓањето на информациите што ги бараме, понекогаш може да бидат доста комплицирани.

- Advertisement -

Пребарувањето на информации, навидум изгледа како лесна активност, но за да дојдете до вистинските (квалитетни и употребливи) информации, потребно е искуство и треба да се знае како да се направи тоа. Сепак, како што наведов погоре, се работи за тоа како да стигнете до квалитетни и употребливи информации.

Ве поттикнувам на ова, затоа што сè почесто се ослонуваме на пребарување преку Интернет и користење на тие информации како релевантни, но дали се навистина употребливи тие информации? Е, тука е проблемот. Од друга страна, пак, пребарувањето е доста интересно и може да ви помогне во многу работи, но ако не знаете како да го направите пребарувањето, може да ви одземе многу (непотребно) изгубено време. Затоа, споделувам со вас некои интересни совети – како да си го олесните пребарувањето, но и намалите времето за стигнување до релевантна информација:

- Advertisement -
  • Фраза – во процесот на пребарувањето, најпрво што треба да направите е да дојдете до вистинската фраза или збор кој ви треба, за да имате успешно пребарување. Не за друго, може да ви се случи фразата, зборот или реченицата, со која сте почнале пребарување, да не е таа која навистина ќе ви помогне во успешно пребарување, туку тоа е нешто сосема друго.
  • Повеќе зборови – при пребарување на информации кои ви се потребни, користете повеќе зборови во делот за пребарување. Користете повеќе зборови или цела реченица, само со еден збор го намалувате изборот.
  • Слични зборови – кога ќе почнете со пребарување на некои информации, почнете со еден збор или фраза, но барајте и синоними. Пребарувајте ги и синонимите на првичниот збор, може да дојдете до интересни информации.
  • Помалку важни зборови – во процесот на пребарување, како гледате дека некој збор не е толку важен и само ви го отежнува истражувањето, исклучете го. Немојте да го отежнувате пребарувањето со небитни работи, со тоа овозможувате да стигнете до погрешни информации.
  • Страни – при пребарување, истражувајте повеќе страни, но користете за тоа нови страни. Пребарувањето на некои информации понекогаш може да потрае и да губите време и ако го правите на истото место, може да се изгубите од каде што сте почнале, но може да ве однесе и во друга насока. Затоа, понекогаш е потребно и да:
  • Пребарувајте и на слични места – кои вклучуваат некои од информациите што ги пребарувате, па можеби ќе биде најдобро да продолжите со пребарување на сосема друго место од она на кое сте започнале.
  • Проверка – на крај, кога ќе помислите дека информациите што сте ги пронашле се тие што ви требаат, ве молам направете уште една проверка на истите. Тоа може да го направите со тоа што, содржината ќе ја ставите на пребарување и ако ви излезат на неколку релевантни места, тогаш можеби и можете да ја употребувате.

Нека ви биде пребарувањето забава, а не процес кој е сложен и бара многу време. После секое пребарување имајте знаење како следното да биде ем поинтересно ем за пократко време.

Со успех во пребарувањето и промените

- Advertisement -

@kalinbabusku, член на тимот

Сподели!
- Advertisement -