Преседан во историјата на човештвото – роботот Пепер ќе оди во британскиот парламенти

- Advertisement -

Роботот Пепер ќе се појави пред Комитет за образование во британскиот парламент. Ова ќе биде прв пат во историјата на човештвото робот да се појави во парламент и да одговара на прашања за четвртата индустриска револуција. Комитетот за образование ќе го прашува Пепер за влијанието на вештачката интелигенција во образованието.

Како што пишува Daily Mail роботот е дел од меѓународен истражувачки проект со цел развој на првите културно свесни роботи кои ќе се грижат за постари лица. Комитетот ќе го сослуша Пепер во вторник и ќе дознае за работата на Пепер со студенти од Универзитетот Мидлсекс, како и за работата со деца од основно образование.

- Advertisement -

Комитетот ќе го прашува Пепер и за улогата на автоматизацијата и роботиката во работата и училниците од иднината. Пепер ќе има презентација и потоа комитетот ќе може да види како роботите можат да го помогнат процесот на образување и кои вештини ќе бидат потребни за да се адаптира човекот на растот на вештачката интелигенција и автоматизацијата.

Овој хуманоиден робот е дизајниран да ги идентификува човечките емоции и да реагира на нив. Опремен е со камери и сензори, висок е 1,2 мери и тежи 28 килограми. Роботите како Пепер се користат и за помош на постарото население во Велика Британија затоа што се програмирани да ги забележуваат потребите на населението.

- Advertisement -

Благодарение на таблетите кои се вградени на градите на роботите, луѓето можат да се јавуваат на Skype, да гледаат видео или да слушаат нешто, како и да ги потсети кога треба да се напијат лекови. Роботите како Пепер претставуваат голем напредок во автоматизацијата, но нивната примена може да стане поширока само кога ќе се достигне некој подобар развој на вештачката интелигенција.

Сподели!
- Advertisement -