Данска сака до 2030 година да ја забрани продажбата на нови возила на фосилни горива

- Advertisement -

Данска целосно е обземена од револуцијата на електричните автомобили и забрзано се движи кон иднина во која ќе има нула емисија на јалгерод диоксид. Минатата недела европската земја побара забрана на продажбата на нови возила на безнин и дизел почнувајќи од 2030 година и на хибридни возила од 2035 година.

Ова е доста амбициозна цел и тешко ќе ја достигнеме, но токму затоа мора да се обидеме“, изјави данскиот премиер Ларс Локе Расмусен. Планот вклучува парламентарно одобрување за забраната да стане закон, а ќе биде презентирана пред парламентот идната недела.

- Advertisement -

Данска е последниот пример од еден тренд кој зафати повеќе земји и градови кои закаат да ја забранат продажбата на бензинци и дизелаши со цел да се намали загадувањето на воздухот. Британија и Франција исто така си зададоа слични цели, а според Reuters, градоначалниците на Париз, Мадрид, Мексико Сити и на Атина изјавиле дека планираат да ги забранат дизел возилата од градовите до 2025 година.

- Advertisement -

Моментално електричните возила имаат само 3% учество во продажбата на нови возила, но се очекува бројот да расте. Едно неодаменшно истражување покажа дека 40% од Европејците сакаат планираат идниот автомобил што ќе го купат да биде електричен.

Многу земји во светот се адаптираа на промените, но Данска не сака дамо да ги тргне возилата кои трошат фосилни горива од патиштата, туку да ги направи електричните автомобили поисплатлива опција за просечниот човек. Министерот за енергија на земјата, Ларс Кристијан Лихолт, доставил предлог до владата на Данска за климатска политика со која електричните возила ќе станат поевтини. Засега, земјата планира да го одложи покачувањето на даноците за електричните возила.

- Advertisement -

Данска презема и други мерки за „позелена“ иднина како што се издвојување повеќе средства за полначи за електрични автомобили, забрана за автбусите кои трошат фосилни горвиа од 2020 година, намалување на емисијата на амонијак и стакленички гасови од земјоделството и ставање крај на печките кои горат дрва. Владата на Данска има зацртано цел до 2050 година земјата да стане 100% независна од фосилните горива и да го користи ветрот како главен извор на енергија.

Сподели!
- Advertisement -