„Парфемот претставува симбол женственоста, дава нијанси на секое наше расположение, избегнувајќи ја точната дефиниција. Токму затоа, го сакам Mon Guerlain“ – Angelina Jolie
Mon Guerlain ја слави современата жена. Женствена, моќна, непомирлива, жена која не се обидува да ја скрие својата ранливост.
Таа е жена која зрачи, спокојна е, насмеана, но од друга страна е сериозна, комплицирана и единствена, се прифаќа себеси каква што е, сакајќи својата слоевита природност.
Слободна жена која што е олицетворение на сила, одважност и храброст, ослободена од предрасуди, непредвидлива…
Креаторот на парфемите на Guerlain, Thierry Wasser заедно со уште парфимер, Delphine Jelk го замислија Mon Guerlain како модерен и елегантен мирис, кој ќе создаде нова слика за современата женственост. Инспирацијата ја земаат од ликот на Angelina Jolie.
Mon Guerlain Eau de Toilette открива неочекуван карактер. Покрај парфемот, женственоста се стекнува во текот на целиот живот, низ постојан развој и надградување.
Mon Guerlain Eau de Toilette не повикува да откриеме уште една страна на женственоста, неочекуван карактер кој става акцент на возбудата и задоволството.
Мандарината е во центарот на вниманието, со својата живописна и весела свежина, мешајќи се со прекрасната Carla лаванда. А веќе познатиот Sambac јасмин и Tahitensis ванила се состојките кои го прават Mon Guerlain дел од семејството на прекрасни мириси.
Дневникот на креаторот на парфемот
Пасиониран феминисти, Thierry Wasser, герлановиот мастер за парфеми, ја продолжува својата истражувачка мисија на женската личност:
„За време на моите патувања, сум имал прилика да се запознаам со животот на жените и да се уверам дека тие се ‘рбетот на општеството и економијата, фасциниран сум од нивната посветеност кон се што прават. Мирисот на Mon Guerlain дава почит кон нивното секојдневие, нивниот талент да бидат изненадени. Одлуката да се нагласи лаванда беше мој начин да го изразам задоволството, чистотата и издржливоста, бидејќи не е лесно овој прекрасен син цвет да се одржи во живот на безводно земјиште, а сепак да успее да развие таков моќен мирис“.
Delphine Jelk, која е ко-креатор на парфемот, вели: „Одлучивме да ја нагласиме свежината со голема доза на Carla лаванда и мандарина. Сакавме да ја прославиме женственоста со енергична и весела содржина. Зарем автеничноста не е чист луксуз?“
Исклучително шише инспирирано од шишињата икони Quadrilobé , создадено од компанијата Baccarat во 1908 година, тоа претставува своевиден израз на модерната женственост.