Европската унија и американскиот милијардер Бил Гејтс стартуваа инвестициски фонд од 100 милиони евра за поддршка на развојот на технологија на полето на чистата енергија. Соосновачот на Microsoft, кој е вклучен во борбата против климатските промени и е претседател на компанијатa Breakthrough Energy Ventures, со Европската комисија потпиша нацрт-договор за основање на фондот Breakthrough Energy Europe – BEE.
Станува збор за заеднички инвестициски фонд кој треба да им помага на иновативните европски компании да развваат и да комерцијализираат радикално нови технологии на полето на чистата енергија, соопшти Европската комисија.
„Овој инвестициски фонд од 100 милиони евра е прв од овој тип и е основан во рекордно време“, изјавија од Европската комисија.
Фондот Breakthrough Energy Europe треба да почне со работа во 2019 година. Половина од капиталот е од компанијата на Гејтс, а половина од ЕУ програмите за истражување и иновации.