Продолжува програмата„ЕВН Волонтира“ со нови проекти

- Advertisement -

Продолжува програмата„ЕВН Волонтира“ чија што цел е да го мотивира волонтерството кај вработените во ЕВН Македонија. Покрај досега реализираните над 30 волонтерски проекти, вработените се заложија за реализација на нови 66.

 

 

- Advertisement -

Волонтерите од ЕВН посветија над 3.200 часови во унапредувањето на квалитетот на живот во нивните локални заедници. Вработените својот труд го посветија на реновирање на училишта, градинки и установи за згрижување на посебни категории на граѓани,  поправка на оштетена инсталација, готвење, уредување на јавни зелени површини, чистење и селекција на отпад, организирање на работилници за деца и слично. Активностите се реализирани низ речиси сите градови и населени места во Македонија.

„Целта на овој проект е да се пренесе порака дека секој индивидуалец и секоја компанија е способна да направи добро дело за заедницата“, порача на годинешната средба на волонтерите, претседателот на Управниот одбор на ЕВН Македонија, г-дин Штефан Петер.

- Advertisement -

Оваа програма е единствена по тоа што овозможува системско решавање на волонтерството во компанијата. Секој вработен има можност да реализира волонтерска активност во работното време, а „ЕВН Волонтира“ на вработените им дава поддршка во целиот процес – од обмислување до реализација на активостите. Тоа е особено важно поради тоа што волонтерството во Македонија е во зародиш, и ваквите иницијативи помагаат за интензивирање и афирмирање на волонтерството на ниво на државата.

- Advertisement -

ЕВН и во иднина ќе ги мотивира вработените да продолжат со волонтирање во заедниците. Охрабрувачки е тоа што над 80% од нив за прв пат волонтирале преку оваа програма, а сите повторно имаат желба за учество во нови волонтерски акции.

Сподели!
- Advertisement -