Фурнаџиски со сусам – нов леб од Жито Лукс

- Advertisement -

Фурнаџиски со сусам е новиот леб од Жито Лукс којшто веќе е во продажба. Новиот вкус е приготвен според традиционален рецепт, произведен е од пченично брашно и малтозно јачменово брашно. Комбинацијата на брашна и богатството од сусам на кората, на овој леб му даваат карактеристичен мирис и вкус, мека структура и крцкава кора.

Достапен како свежо печена 350-грамска векна, фурнаџискиот леб со сусам е хранлив и вкусен леб што одговара за секој тип јадење.

- Advertisement -

Лебот со сусам се придружува на богатата понуда на фурнаџиски лебови од Жито Лукс како нов член во фамилијата во чиј состав се и Класик, Интегрален, Селски, Рустика и Сомун.

Сподели!
- Advertisement -