Многу градови во светот, особено поголемите со многу жители, имаат проблем со големото загадување на воздухот и нарушено здравје на жителите. Но, овие три градови ги забранија автомобилите во градските центри и сега имаат неверојатни резултати.
Улиците во Љубљана, Словенија сега се повеќе исполнети со луѓе кои муабет меѓусебе отколку со автомобили. Доколку живеете во центарот на градот, сега мора да паркирате во гаража надвор од центарот. А ако сте постари, имате некој хендикеп или сте мајка со дете, добивате бесплатен превоз во електрично такси. Бизнисите и туризмот цветаат после забраната пред десет години.
Понтеведра, Шпанија, ги забрани автомобили во центарот на градот уште пред 19 години. 70% од патувањата во градот сега се прават пеш, а бидејќи градот сега е поубав за живеење, 12.00 луѓе се преселија во центарот на градот. Загадувањето во градот од 2013 година сега намали за 61%.
Копенхаген има повеќе од 96.000 м2 простор без автомобили. 2/3 од жителите во градот сега возат велосипед, а почнувајќи од 2019 година натаму градот планира да ги забрани новите дизел автомобили за градот да биде уште почист.
Here are 3 cities that have banned cars with amazing results
Would your city benefit from banning cars? Learn more about taking cars out of cities: https://wef.ch/2EA0FWt
Posted by World Economic Forum on Недела, 21 октомври 2018