Во Србија беше пуштена во работа првата 3Д лабораторија

- Advertisement -

На Машиннскиот факултет во Ниш беше пуштена во работа првата 3Д лабораторија во Србија. Оваа лaбораторија е резултат на заедничка соработка со компанијата CADCAM Data од Белград и Машинскиот факутет во Ниш. Со отворањето на првата 3Д лабораторија во Србија им се овозможува на студентите да стекнат теоертски и практични знаења на полето на развојот на производи, проектирање и стимулација, управување со проекти, кои подоцна можат да ги применат во својата професионална работа и усовршување.

„Целта ни е образување, стекнување на квалитетен инженерски кадар од областа на машинското инженерство. Инженерски кадар кој ќе има доволно знаење и од областа на информатичките технологии и чие знаење, вештини и практично знаење ќе бидат директно применети во компаниите“ вели деканот на Машинскиот факултет од Ниш, Ненад Павловиќ.

Сподели!
- Advertisement -