Традиционална акција на Комерцијална банка – и оваа година „Верверичка“ ве наградува

- Advertisement -

Како најголема вредност за семејството и за општеството во целина, децата се во фокусот на Комерцијална банка АД Скопје. Традиционалната акција на донирање средства за новородени деца на триесет и први октомври, продолжува и оваа година.

По повод Светскиот ден на штедењето – 31 октомври, банката ќе им отвори штедни книшки – Детско штедење „Верверичка“ со износ од 5.000,00 денари и исто толку штедни касички на сите деца кои ќе се родат на 31 октомври од 00:00 до 24:00 часот во Скопје и во други градови во републиката во кои банката има свои филијали и/или експозитури.

- Advertisement -

Средствата од горенаведениот став ќе им бидат исплатени само на оние лица кои документите ќе ги достават најдоцна до 31.12.2018 година.

Сподели!
- Advertisement -