Со паметните градови во иднина ќе управуваат технолошки милијардери?!

- Advertisement -

Паметните градови и купиштата податоци кои ќе ги собираат бројните сензори отвораат можност за технолошките милијардери да го исполнат својот сон – да завладеат со градовите. Се почесто се зборува за паметните градови и паметните урбани решенија со кои граѓаните треба да си го олеснат животот и секојдневието, но проблем е што се повеќе тие паметни опции мора да се имплементираат на застарена инфраструктура во градови кои настанале многу порано пред популаризацијата на Интернетот. Екипа од Google, односно од нивната компанија Sidewalk Labs сака да го промени тоа и моментално работи на „урбана лабораторија за живот“. Односно, во Канада развиваат паметен град кој ќе служи како прототип, односно тест-полигон за бројните паметни опции кои ако се покажат успешни, треба да се имплементираат и во градовите ширум светот.

Паметниот град на Google треба да има одржливи куќи, патишта за автономни автомобили, а не за возачи и ќе користи бројн сензори за собирање податоци со кои ќе ја следи потрошувачката на енергија, ќе го намали загадувањето и сообраќајниот метеж и ќе ја следи бучавата.  Пред неколку години кога се зборуваше за тој град тимот од Google споменуваа создавање градови како дигитални платформи со кои ќе се решат урбаните проблеми се појави проблем кој не е новитет кога е во прашање Google – приватноста.

- Advertisement -

На почеток се зборуваше за развој на нов паметен град, каде што сите собрани податоци ќе се бришат и нема да може да се поврзат со луѓето, но сега од Google ја променија плочата. Имено, Sidewalk Labs не сака да направи паметен град на приватноста, туку паметен град на надзорот затоа што податоците кои се собираат сепак нема да бидат избришани, туку ќе може да ги користат и други компании.

- Advertisement -

Од Sidewalks Labs велат дека сакаат да постават нов модел на одговорно користење податоци во градовите. Сметаат дека податоците треба да ги чува и со нив да управува независно тело, но до јавните податоци да имаат пристап сите компании кои ги собираат и ги користат тие податоци, вклучувајќи и Google, односно Sidewalk Labs.

Во разговор за The Guardian минатата година предавачот по етика на технологијата Џејтан Садовски предупреди на потенцијалните негативни сценарија кои би можеле да се случат податоците кои се собираат во градовите им се дадат на корпорации. Јасно е дека во таквите градови може да настанат нови моќни и корисни технологии, но на овој начин се отвора можност технолошките милијардери да го исполнат својот сон и да завладеат со градовите. „Ако навистина дојде до тоа, тоа не е иднина во која би сакале да живееме“ вели Садовски.

Сподели!
- Advertisement -