- Advertisement -
Bytedance, кинеска компанија која ја поседува апликацијата за кретки видеа Douyin (TikTok) и апликацијата за вести Jinri Toutiao, е проценета како највреден интернет стартап на светот.
Оваа проценка следи по циклусот на финансирање кој привлече инвеститори како што се Softbank Group, KKR & Co, General Atlantic и Primavera Capital Group, а во рамките на кој компанијата собра 3 милијарди долари.
- Advertisement -
Според пишувањата на медиумите, компанијата е проценета на вредност од 75 милијарди долари, што ја прави повредна од Убер, чија сегашна вредност изнесува 72 милијарди долари. Вреднувањето се однесува за приватните стартапи.
Marketing365.mk
- Advertisement -