Apple го претстави првиот рециклиран MacBook

- Advertisement -

Apple престави MacBook Air со 100% рециклиран алуминиум, кој ја намалува вкупната емисија на стакленички гасови, односно карбонскиот отпечаток на компјутерот за речиси половина. Претставувајќи го новиот рециклиран MacBook во Њујорк, од Apple изјавија дека создавањето куќишта за компјутери од целосно рециклиран алуминиум е една од најголемите нивни цели со години.

Користиме алуминиум затоа што има неверојатна цврстина, издржливост и изгледа убаво. За да го постигнеме тоа моравме да се потпреме на рударење руда со голема чистота“ изјавија од Apple.

- Advertisement -

Рециклираниот MacBook Air е составен од лушпи направени од обична легура, кои ги направи тим задолжен за материјали. Тимот за металургија на Apple осмисли алуминиумска легура која се добива од вишокот алуминиум при производниот процес.

Од Apple тврдат дека оваа нова легура е исто толку убава и цврста како и сите кои ги користеле досега, како и дека рециклираниот алуминиум може повторно да се рециклира и со тоа да се намали емисијата на јаглерод диоксид во воздухот за 50%. Тоа значи дека ова е „најзелениот“ Mac досега. 

- Advertisement -

Новиот MacBook има 47% помала емисија од претходната генерација исти производи. Освен надворешноста, MacBook има и 100% рециклиран лим во својата матична плоча, а дизајнерите значително ја зголемиле и количината рециклирана пластика во внатрешните компоненти како што се звучниците. Еколошки прифатливата верзија на MacBook Air е 10% потенка од претходните и полесна за 340 грама, односно тежи само 1,25 килограми.

Сподели!
- Advertisement -