„Застава 101“, популарниот „стоеден“, е најпопуларен автомобил од бивша Југославија. Со повеќе од милион произведени примероци во текот на 37 години непрекинато производство, „стоеден“ спаѓа во редот најуспешни автомобилски модели на Црвена Застава, но и еден од најдолговечните модели во регионот. „Стоеден“ настана на основа на лиценциранито „фиат 128“. Не се произведува во последните десетина години, но бројот на љубители не се промени многу.
Сведок за тоа е и дизајнерот Михаел Мерклер од Македонија, кој на мрежата на Behance постави фотографија од „стоеден“ од иднината. Разликите се очигледни – новиот „стоеден“ изгледа како автомобил од соништата, а со оглед на цената која би ја имал, веројатно не би бил „народен“. На овој линк погледнете каква е замислата на македонскиот дизајнер.