На YouTube во ЕУ повеќе нема да бидат достапни многу популарни видеа

- Advertisement -

Извршната директорка на YouTube, Сузан Војчички, веќе втор пат предупредува на потенцијалните негативни последици кои би можела да ги има директивата за заштита на авторските права во ЕУ врз корисниците, но и креаторите на видеа на YouTube и заработуваат од реклами, Во објава на блогот на Google таа вчера напиша дека во текот на минатата година исплатиле околу 800 милиони евра на креаторите на содржини на YouTube, односно повеќе од 1,5 милијарди евра на глобалната музичка индустрија само од голаси. Потсети и дека музичарите како Дуа Липа и Ед Ширан пред да потпишат договори со големи издавачки куќи својата популарност ја стекнаа токму на YouTube.

Со новата директива и спорниот член 13 работите би се промениле, а последиците би биле многу полоши од финансиската загуба, па корисниците на YouTube во Европската унија, нагласи Војчички, ќе изгубат пристап до многу видеа кои само во последниот месец се прегледани повеќе од 90 милијарди пати. Освен музичките видеа, може да бидат забранети и едукациски и научни видеа од повеќе од 35 милиони ЕУ канали, така што во оваа ситуација сите би изгубиле – корисниците нема да можат да ги гледаат содржините, а креаторите со оглед на малиот број прегледи, би имале помала заработка.

- Advertisement -

Според членот 13 од новата директива, платформите како YouTube би биле одговорни за објавените содржини заштитени со авторски права, а со примерот на популарната песна „Despacito“ шефицата на YouTube објасни колку е тоа тешко. Имено, за „Despacito“ постојат различни авторски права – од издавачки права до права врзани за снимањето на видеото, а иако YouTube има потпишано договор со повеќе страни, дел од носителите на правата за оваа песна и за спотот и понатаму се непознати. Дури и самите сопственици на авторски права често не можат да се договорат за тоа кој какви права има, а ако тие не можат да се договорат, би било невозможно да се очекува една платформа како YouTube сама да носи такви одлуки.

Ако директивата и членот 13 навистина бидат прифатени во таа форма, поради несигурности во врска со авторските права, како и потенцијало високи финансиски ризици кои би биле толку големи што ниедна компанија не би можела да ги издржи, YouTube можеби ќе мора да ги блокира таквите содржини.

- Advertisement -

Војчички вели дека YouTube веќе користи технологија за заштита на авторските права како што е програмата Content ID, која на сопствениците на авторски права им овозможува управување со правата и благодарение на неа тие заработуваат  – досега преку тој систем им се исплатени повеќе од 2,5 милијарди евра за користење на содржините. „Веруваме дека Content ID е најдобро решение за управување со правата на глобално ниво“ заклучи шефицата на YouTube.

Сподели!
- Advertisement -