Четири начини како успешните учат од своите грешки

- Advertisement -

Една од разликите помеѓу одличните лидери и просечните е начинот на кој тие ги прифаќаат своите грешки. Факт е дека секој може да греши, но она што е многу поважно е како ќе се справиме со грешките.

Каков пример им давате на тие околу вас кога се справувате со грешките? Особено кога сте лидер, вашиот тим го следи секој ваш чекор и многу е важно да им покажете како да се настапи во ваква ситуација. Еве неколку начини на кои успешните лидери учат од своите грешки и покажуваат добар пример.

1. Прифаќање на грешките

- Advertisement -

Не обидувајте се да ги прекриете грешките, па ако нешто сте згрешиле, преземете одговорност и соочете се со ситуацијата. Несигурните лидери понекогаш сакаат да ги прикријат грешките мислејќи дека инаку би изгледале како да имаат слаб карактер, но при тоа не се свесни дека токму прикривањето на грешките може да придонесе да ја изгубите почитта која ви ја дава тимот. Во лидерството, ранливоста е една од најважните работи. Со признавањето на грешките ќе им покажете на вработените дека лидерството е човечно и човечки е да се греши.

2. Учете од грешките

- Advertisement -

Кога еднаш ќе извлечете лекција од некоја грешка, веќе нема да ја повторувате. Кога повторувате одредена грешка, вие не грешите повторно случајно, туку со намера. Лидерството значи прифаќање на ризиците и преземање нови ризици. Да се биде креативен, значи да се кршат одредени правила, да се греши попатно и да се учат нови работи. Грешките се најдобри учители, а кога ќе се потрудите да извлечете поука од грешките, тогаш тоа ви е една од најдобрите форми на самоедукација. Креативноста значи да си дозволите да грешите, а лидерството да учите од грешките.

- Advertisement -

3. Научете ги другите од вашите грешки

Кога ќе се соочите ситуацијата во која сте погрешиле, откако ќе ја прифатите грешката и ќе научите нешто од неа, пренесете го искуството или лекцијата на вашиот тим. Кога ќе погрешите, направете поента со тоа што вие сте го научите од грешката. На овој начин ќе се поврзете подобро со тимот и ќе изградите меѓусебна доверба. Најдобрите лидери се учители, ментори и водичи кои го покажуваат на својот тим патот кој и самите го изоделе.

4. Преминете преку грешките

Успехот е поврзан со делување. Успешните луѓе постојано делуваат, а кога грешат не се откажуваат. Научете да ги користете неуспесите како уште еден чекор кон успехот, а кога ќе погрешите нешто, не заборавајте ја грешката туку размислете каде точно сте потфрлиле и помирете се со ситуацијата.

Како и секој човек, и вие сте подлежни на грешење, а кога успешно ќе се справите со грешките, тие ќе ви помогнат да станете не само подобар лидер, туку и подобар човек.

Сподели!
- Advertisement -