Кошулите на „Албатрос“ со шанса за влез на рускиот пазар!

- Advertisement -

Во организација на Македонско-руската стопанска комора,  Н.Е. Сергеј Баздникин, амбасадор на Руската Федерација во Република Македонија, заедно со Владимир Хрисанфов,  трговски советник при Амбасадата денес  ја посетија компанијата „Албатрос“ од Штип.Во нивна придружба  беше и Дејан Бешлиев, извршен директор на Комората.

„Албатрос“ од Штип, еден од најголемите македонски производители на машки и женски кошули, тргнува во потрага по нови купувачи, а во таквата деловна стратегија фокусот е на Скандинавските земји и Руската Федерација. Во овој момент, посредно преку холандска компанија,  кошулите на „Албатрос“ веќе се присутни во Москва и Санкт Петербург.

- Advertisement -
dav

Постојат реални можности исклучително квалитетните производи на „Албатрос“ директно да се најдат во модните продавници во Русија. Подготвени сме, во соработка со Комората,  да асистираме и да помогнеме компанијата да најде купувачи и на овој пазар, истакна Сергеј  Баздникин.

Делегацијата при посетата на фабриката во Штип разговараа со Марина Миладинова, член на семејството кое е сопственик на „Албатрос“ и Иван Андов, извршен директор.

- Advertisement -

Месечно произведуваме по 65.000 парчиња кошули, речиси исклучиво од памук. Половина од нив се модни, додека другата половина се униформирани кошули.Речиси целото лон-производство патува надвор од границите на земјава, но  за домашниот пазар градиме и сопствен бренд, што е макотрпен и скап процес – ги информира гостите Марина Миладинова, задолжена за истражување и развој на компанијата.

dav

Кошулите со врвен квалитет се извезуваат во дваесеттина земји во светот, а најголемите количини се пласираат во Германија, Швајцарија, Холандија, Белгија, Англија, Шведска, САД и Канада.

- Advertisement -

Имаме можности и за производство на поголеми серии, бидејќи за нас работат и неколку субконтрактори од земјава. Опремата, кроењето и контролата е од страна на „Албатрос“, додека  шиењето е од фирмите кои работат за нас. Тоа само значи дека квалитетот е подеднаков, без разлика каде се произведува кошулата во овој ланец на соработка, – појасни Иван Андов.

Во оваа семејна компанија  очекуваат финансиски (под)просечна година заради пораст на трошоците за производство, пред се, за работната сила. За следната година  оптимизмот се зголемува. Во моментов траат преговорите со „Хуго Бос“ и после неколку години повторно во погоните на „Албатрос“ ќе се шијат кошули за еден од најголемите светски брендови.

Сподели!
- Advertisement -