Големи делови од Кинескиот ѕид не се во добра состојба и имаат потреба од посебна грижа, реконструкција и внимание, но тешко е да се допре до нив. Токму затоа во спасувачка мисија тргнуваат дронови. Кина почна со активности за спасување, односно реконструкција и заштита на Кинескиот ѕид, а притоа ја користи технологијата на 21 век за да го зачува од забот на времето и природните влијанија.
Дроновите ги пронаоѓаат оштетувањата и го скенираат ѕидот, по што може да се направи план за реставрација. Некои делови од кинескиот ѕид се опасни, а дроновите собираат прецизни податоци кои се битни за реконструкцијата. За транспорт на материјалите се користат магариња, додека работниците мора пеш да се качуваат на планините.
Архитектот Жао Пенг изјави дека тие буквално ја спасуваат историјата, како и дека се работи за сложена структура и дека треба се да се проучи внимателно. Ризик за рушење на деловите кои се во лоша состоба претставува дури и дождот.