Промоција на брендовите на Estee Lauder Companies во Македонија

- Advertisement -

Estee Lauder Companies, настанот кој се одржа вчера вечер во Музејот на град Скопје на едно место ги собра луѓето кои знаат да препознаат квалитетен и луксузен бренд.

Компанијата Estee Lauder Companies е меѓу светските производители на декоративна и препаративна козметика. Станува збор за компанија концентрирана исклучиво на престижна козметика од повеќе од 25 различни брендови кои се продаваат во повеќе од 150 земји.

- Advertisement -

На подрачјето Adriatic регија, компанијата Orbico Beauty е овластен дистрибутер на Estee Lauder Companies козметика каде во моментов дистрибуира 8 различни бјути брендови.

Во Македонија е присутна со брендовите Estee Lauder, Clinique, MAC, Bobbi Brown, La Mer, Tom Ford, Michael Kors и Glam Glow.

- Advertisement -

Секој бренд кој е дел од групацијата беше претставен на посебна позиција, а гостите имаа можност да се уверат во квалитетот кој го нуди, пробувајќи на лице место како тоа изгледа. Зад секој бренд стоеше и специјално обучен едукатор кој одговараше на сите прашања поврзани со брендот.

Меѓу присутните имаше многу медиуми, верни клиенти како и гости од бизнис сферата во Македонија.

Сподели!
- Advertisement -