Отсега преку Cinesseum секој што е поврзан на Интернет ќе може од удобноста на сопствениот дом за ужива во најновите остварувања на светската кинематографија. Cinesseum, односно првото онлајн кино во светот, е онлајн платформа за гледање на најновите филмови, односно оние што во моментот се прикажуваат во кината. Ова кино е единствено вакво во светот, а е развиено во Србија.
За разлика од другите платформи, Cinesseum функционира по принципот на продажба на билети исто како и денешните кина. Корисниците преку платформата ќе можат да купат билети и да уживаат во најновите филмови во својот дом. Цената на билетите ќе биде во висина на просечниот билет за кино, а посебна погодност ќе биде тоа што по цената на еден билет корисниците ќе можат да го гледаат филмот со кого сакаат и на тој начин да заштедат.
„Според истражувањата, 80% од испитаниците велат дека попрвин би гледале филмови во својот дом отколку во кино. Неверојатно е во 21 век уште никој да не одговорил на потребите на тие 80% од луѓето. Никој до денес“ вели Ѓорѓе Ловрен, еден од основачите на Cinesseum.