Франција ги повика европските производители на батерии и автомобили на создавање конзорциум кој би можел да ја задоволи растечката побарувачка за електрични возила и да стане конкуренција на доминантните азиски производители.
„Конзорциумот мора да биде на европско ниво затоа што само францускиот пазар нема да биде доволен“ изјави францускиот министер за еенргетика, Франсоа де Руги.
Европа тежнее кон тоа со поддршка од Европската комисија да направи одржлив европски сектор за производство на батерии бидејќи производителите на автомобили во Европа зависат најмногу од азиските доставувачи.
Последните месеци беа најавени неколку проекти за изградба на фабрики за батерии во Европа, а германската влада минатата недела соопшти дека издвоила околу милијарда евра со кои ќе го поддржи производството на батерии. Берлин планира до 2030 година 30% од батериите да доаѓаат од Германија и од Европа.