- Advertisement -
Бензините од ноќеска на полноќ поевтинуваат за четири денари, а дизелот и екстра лесното масло за домаќинство за 3,5 денари, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика.
Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе изнесува 63 денари за литар, а ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе се продава за 65 денари.
Литар ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) ќе чини 61 денар, а екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) за 49,5 денари.
- Advertisement -
За 3,307 денари по килограм се намалува малопродажната цена на мазутот М-1 НС и килограм од тој енергенс ќе се продава по 31,826 денари.
Малопродажните цени на нафтените деривати согласно Методологијата за формирање
на цените се намалуваат во просек за 6,53 проценти.
- Advertisement -
РКЕ ја донесе одлуката врз основа на движењето на просечната цена на суровата нафта на светските пазари и курсот на денарот во однос на доларот.
- Advertisement -