со почеток во 13 часот во хотелот Континентал, Проектот на УСАИД Партнерство за подобра бизнис регулатива, организира инфо сесија на тема: Предлози и измени на Законот за инспекциски надзор. Информативниот настан е наменет за сите микро, мали и средни претпријатија во насока на нивно вклучување во креирање на новиот Закон за инспекциски надзор, преку доставување на свои предлози и сугестии.
На настанот ќе се одбрати г. Дамјан Манчевски, министер за информатичко општество и администрација, г-ѓа Данела Арсовска, претседател на Сојуз на стопански комори на Македонија, како и истакнати експерти од облста. Целта на овој информативен настан е согледување на постоечката состојба, давање најсоодветни предлози кои ќе бидат вклучени во новиот закон за Инспекциски надзор, иницирање конкретни решенија за финализирање на предложените законски промени како и дополнување на определени законски акти кои што детално би го регулирале спроведувањето на законската регулатива. Со конкретните предлози од оваа инфо сесија се настојува да се подбри едукативната улога на инспекторите за понатаму компаниите да можат сами да се регулираат согласно точно утврдените акти и да се заштитат од репресивни мерки и казнувања.
Проектот на УСАИД Партнерство за подобра бизнис регулатива е четиригодишен проект, имплементиран од ЕПИ ЦЕНТАР Интернационал и четирите клучни партнери: Стопанска комора на Македонија; Стопанска комора за информатички и комуникациски технологии – МАСИТ, Стопанска комора на северозападна Македонија и Сојуз на стопански комори на Македонија. Проектот е во вредност од 1.9 милиони долари и работи на теми од областа на бизнис регулатива кои се неповолни и предизвикуваат притисок на малите и средни претпријатија (МСПа) да бидат усогласени со комплексните регулативи. Активностите на проектот вклучуваат серија на анализи на моменталните регулаторни и правни барања кои ги загрижуваат МСПа-та, како и воспоставување на механизми за јавно – приватен дијалог кои би се користеле за предлагање на реформи на регулаторната рамка.