Семејната компанија „Завар“ прослави 30 години постоење: Кога од иноксот создавате уметност

- Advertisement -

Македонската семејна компанија за заварување и производство на производи од инокс „Завар“ прослави 30 години постоење. Најголемиот успех на оваа компанија е што стана лидер во својата област во Југоисточна Европа, а 90 проценти од производството им е за извоз.

Тие се првата компанија кои го донесоа иноксот во Македонија и оттука, нивната работа и производство се шират. Постојано соработуваат со „Алкалоид“ и „Макстил“.

- Advertisement -

Понатаму, се развиваат и во еден друг сегмент, а тоа е дизјанот. Се раѓа „Завар дизајн“ и за пет години прават „бум“ со нивните радијатори кои се вистинска уметност.

Оваа иновативност беше препознаена од светот, па така радијаторите на „Завар“ станаа помеѓу најиновативните во светот. Можете да ги сретнете и во роматична вила на Алпите. На саем во Њујорк имаа одличен одѕив од публиката, а добија и награда.

- Advertisement -

Сертифицирани со сите можни сертификати за производството, нема ограничување за работата и извозот. Од двајца, денеска компанијата има околу 50 вработени, а нејзин генерален менаџер е Марта Наумовска Грнарова.

Прославата на роденденот се одржа во Македонска филхармонија, на која компанијата и подари скулптура која ќе го разубавува просторот.

- Advertisement -

(emagazin.mk)

Сподели!
- Advertisement -