НБРМ пушти во оптек нови ковани пари од серијата хороскопски знаци

- Advertisement -

„Вага“, „Скорпија“ и „Стрелец“ се новите ковани пари за колекционерски цели што ги издаде и ги пушти во оптек Народната банка на Република Македонија

Станува збор за дел од серијата „Хороскопски знаци“, а цената на кованите пари е 2.800 денари.

Кованите пари за колекционерски цели издадени од НБРМ се законско средство за плаќање во Република Македонија.

- Advertisement -

Сите три монети во централниот дел на аверсот имаат четири атласа што го држат небото и круг со симболите на сите хороскопски знаци. На вметнато кобалтно стакленце е претставена слика на северното небо со ѕвездата Северница во центарот, опкружена со соѕвездијата Вага, Скорпија или Стрелец, зависно од паричката. Во долниот дел е претставен цртеж на Сончевиот Систем. На основата е прикажан дел од небесната карта. Во долниот дел од аверсот се прикажани грбот на Република Македонија и годината на издавање на монетата – „2018“. Прикажани се и натписите на македонски јазик: „Република Македонија“ и „100 денари“.

На реверсот, во горниот дел од монетата е претставена слика на вага/скорпија/стрелец од ѕвездениот атлас „Firmamentum Sobiescianum“ создаден од Јоханес Хевелиј на крајот на 17 век. Сликата на хороскопскиот знак и неговото соѕвездие преминува и на вметнатото кобалтно стакленце. Во горниот дел од монетата е претставен симболот на хороскопскиот знак вага/скорпија/стрелец. Во долниот дел е претставена златна слика на вага/скорпија/стрелец, врз цртеж на кој е претставен Сончевиот систем. На десната страна е прикажано латинското име на хороскопскиот знак, а на левата страна, ознаката Ag925.

- Advertisement -

(Извор- Нова Македонија)

Сподели!
- Advertisement -