Кинезите ја освојуваат темната страна на Месечината – со компири

- Advertisement -

Додека сите очи беа свртени на Марс и сондата InSight, во Кина се подготвуваше мисијата Chang’e-4, со која Кинезите планираат да испратат летало и вселенско возило на темната страна од Месечината. Поточно, планираат да го истражат кратерот Вон Карман и на Земјата да донесат примероци од површината на Месечината. Иако лансирањето е предвидено за деновиве, ракетата Long March 3B нема да слета на темната страна на Месечината пред почетокот на јануари.

Кратерот Вон Карман е интересен за научниците затоа што се наоѓа на најстариот дел од Месечината, за кој се верува дека настанал по удар на голем астериод во Месечината пред повеќе милијарди години. Инаку, темната страна на Месечината, всушност, не е темна. Осветлена е од Сонцето како и таа која ја гледаме од Земјата, но поради ротацијата на самата Месечина ја гледаме само едната страна. Темната страна е побогата со кратери отколку видливата страна.

- Advertisement -

Токму бидејќи не се гледа од Земјата, темната страна е послабо истражена и поинтересна за научниците. Кинезите се надеваат дека Chang’e-4 ќе ја истражи не само површината на Месечината, туку и евентуалите пукнатини на површината кои би можеле да откријат како настанала Месечината. Интересно е тоа што на Месечината ќе слета и контејнер со компири и семиња за научниците да направат биолошки експеримент и да утврдат дали постои можност за фотосинтеза на Месечината.

Сподели!
- Advertisement -